„Делиите“ со жестоки навреди за Дејан Савичевиќ… (ВИДЕО)

Во рамките на финалната серија меѓу Црвена Звезда и Партизан од кошаркарскиот шампионат на Србија, навивачите на „црвено-белите“ испратија и неколку политички и вулгарни пораки.

Најпрво го запалија косовското знаме, па имаа политичка порака за Црна Гора и на крајот испратија и жестока навреда за една од најголемите легенди во историјата на Црвена Звезда, поранешниот фудбалер Дејан Савичевиќ.

„Север – продолжена рака на Србија, никогаш на службите и властите, да те е**м во тоа устата без заби“ – напишаа „Делиите“ во пораката до Савичевиќ.

Дејан Савичевиќ кој е претседателот на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора, како што е познато, претходно ги посочи „Делиите“ заедно со Терзиќ како главни виновници што двајца фудбалери одбија да играат против Косово. Сето тоа поради претходно жесток притисок кон нив од навивачите и раководството на Црвена Звезда, а сето тоа во корелација со тајните служби на Србија.

Се вчитува...