Дембеле го избра Челси

Англискиот премиерлигаш Челси ќе излезе како победник од трката по Усман Дембеле откако францускиот интернационалец ги договорил условите за преселба на „Стемфорд бриџ“.

Тој летово станува слободен играч, а Барселона веќе се откажа од намерата да го убеди Дембеле во последен момент да се премисли и да потпише нов договор со каталонскиот гигант. ПСЖ преговараше, но се откажа откако Мбапе потпиша нов договор со „светците“, а од неколкуте понуди на маса крилниот офанзивец ја прифати онаа на Челси.

Финансиските детали засега не се откриваат, но Французинот ќе биде прво засилување во ерата на Тод Боли откако американскиот милијардер го презеде раководењето со лондонскиот премиерлигаш.

Значајна улога во преговорите имаше и Томас Тухел, кој беспрекорно соработуваше со Дембеле во Борусија Дортмунд, па сега успеа да го убеди овој талентиран крилен фудбалер да му се приклучи и во Челси.

Се вчитува...