Дембеле повторно во „аут“, ќе паузира еден месец

Летното засилување на Барселона, Осман Дембеле, на вчерашниот меч против Реал Сосиедад одново се здоби со повреда поради која ќе мора да паузира од три до четири седмици. По средбата на „Аноета“ на францускиот фудбалер му се направени медицински прегледи, по кои е утврдено дека се работи за обновување на старата повреда на бутниот мускул која и првично го оттргна од терените. Со цел да се избегнат дополнителни компликации најдобро за него е да одмори до средината на февруари.

Дембеле го пропушти првиот дел од сезоната поради кинење на тетивите на бутниот мускул од левата нога, a по опоравувањето полека почка да се усогласува со тимот. Вчера Дембеле ги одигра последните 25 минути од средбата во Сан Себастијан, на која Барселона славеше со 2-4.

Се вчитува...