Дембеле се опорави, но нема да игра против Еспањол

Францускиот интернационалец Осман Дембеле се опорави од повредата на бутниот мускул и почна да тренира заедно со тимот на Барселона, но нема да настапи на денешниот дуел против градскиот ривал Еспањол. Тренерот Ернесто Валверде најави дека нема да брза со неговото враќање на терените.

„Дембеле се опорави, но се уште не е подготвен да се врати на теренот. Нема да брзаме со него. Ќе го следиме неговото враќање во тимот и полека ќе добие шанса и за настап“, изјави Валверде.

Осман Дембеле заработи две повреди откако во летниот преоден рок дојде во Барселона од Борусија Дортмунд и досега настапи само на седум меча.

Се вчитува...