Јувентус денеска ќе комплетира уште еден значаен рансфер, доведувајќи го во своите редови Јон Лукуми. Станува збор за колумбиски дефанзивец кој е добро запознаен со италијанската Калчо-лига ако се знае дека со успех ги бранеше боите на Болоња, од каде ќе се приклучи во таборот на „старата дама“.
„Црно-белите“ бараа нов врвен дефанзивец и се насочија кон Лукуми, а долгите преговори конечно вродија со плод кога беше договорен „пакет“ од 20 милиони евра, од кои 18 милиони евра се загарантирани за „болоњезите“, а два милиони се поврзани со неколку различни клаузули.
Колумбиецот доби зелено светло, па по денешните лекарски прегледи тој и официјално ќе стане нов член на Јувентус и од утре ќќе се шприклучи на тренинзите на „старата дама“.
Доаѓањето на Лукуми многу лесно би можело да значи и заминување на Гати од Јувентус, откако Наполи покажа сериозен интерес да го доведе италијанскиот репрезентативец во своите редови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
