Денеска започнува новата ера на Реал со Анчелоти

Шпанскиот гигант Реал Мадрид денес ќе ги започне подготовките за новата сезона 2021/22. По заминувањето на Зинедин Зидан и враќањето на Карло Анчелоти, официјално започнува новата ера на „Кралскиот клуб“.

Во утринските часови, закажани се лекарски прегледи во базата Валдебедас, за тринаесет играчи, а од 18 часот Анчелоти ќе го одржи првиот тренинг.

На прозивката ќе се појави и новиот капитен на Мадрид, Бразилецот Марсело, кој ќе ја преземе капитенската лента од Серхио Рамос. Покрај него, на листата треба да се појават Дани Карвахал, Начо Фернандез, Лукас Васкез, Ферлан Менди, Иско, Лука Јовиќ, Алваро Одриосола, Родриго, Браим Дијаз и Мартин Едегор, како и некои јуниори и членови на фудбалската академија.

Вистинските лидери и членови на стручниот штаб допрва треба да го дефинираат планот за подготовка и играње на пријателски натпревари, но тоа сигурно ќе се случи во следните неколку дена.

 

 

 

Се вчитува...