Репрезентативниот голман Дени Илиев ќе биде првиот македонски фудбалер под професионален договор со англискиот гигант Арсенал, откако денеска тимот од Лондон и официјално по претходна согласност од новиот менаџер Унаи Емери му понуди на Илиев потпишување професионална меѓусебна соработка.
Арсенал денеска официјално го соопшти списокот на фудбалери од кои ќе се ослободи, притоа обелоденувајќи ги имињата на младите фудбалери на кои ќе им се понуди професионален договор. Меѓу нив и 23-годишниот Илиев кој изминатата сезона стигна и до титулата со Арсенал во Премиер лигата за фудбалери до 23 години.
Македонскиот репрезентативен голман во Арсенал е од 2012 година минувајќи ги младинските категории во клубот. Сега од следната сезона за првпат добива шанса да биде и во сениорскиот тим на „топчиите“.
Понуда за нов договор со клубот доби и Џек Вилшир, а како што е обелоденето од клубот заминуваат Мертесакер и Казорла.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА