Денис Шрудер доаѓа во Евролигата!?

Светскиот и европски шампион со германската репрезентација, Денис Шрудер ја заврши својата 13-та НБА сезона.

Плејмејкерот од Брауншвајг коментираше на објава на социјалните мрежи во врска со неговото евентуално враќање во европската кошарка. Поточно, во амбициозниот тим на Панатинаикос.

„Никогаш не вели никогаш, но…“, напиша Шрудер во врска со гласините што го поврзуваат со великанот од Атина.

Денис Шрудер (32) ја заврши претходната сезона како играч на Кливленд Кавалирс. Во 17 натпревари од плејофот, тој имаше просек од 16 минути и 5,5 поени за Кавс.

Се вчитува...