Денковски потпиша за шпански Фериоленсе

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Христијан Денковски кариерата ќе ја продолжи во шпанскиот Фериоленсе.

Откако минативе шест месеци ги мина во тимот на Азуага, исто така во Шпанија, 23-годишниот Денковски се одлучи сезоната да ја заврши во Фериоленсе, кој е член на четвртата по квалитети шпанска фудбалска лига.

Денковски, во својата кариера досега има настапи за Работнички, Пелистер, Вардар и Македонија ЃП во македонското првенство, како и за младинскиот тим на холандски Гронинген и словенечки Триглав.

Се вчитува...