Сè уште се шпекулира каде Роберт Левандовски ќе ја продолжи кариерата, а наскоро би можел да се знае епилогот. Според „Мундо Депортиво“, планирано е агентот на полскиот напаѓач Пини Захави наскоро да пристигне во Каталонија и да седне на маса со челниците на Барса.
Се очекува да продолжат преговорите во врска со продолжувањето на соработката, а познатиот менаџер ќе се обиде да обезбеди соодветна понуда за својот клиент. Истиот извор додава дека Левандовски веќе се согласил да ја продолжи соработката до летото 2027 година, но дека финансиските детали сè уште не се прецизирани.
Познато е дека Чикаго Фаер, Милан, Јувентус, како и тимови од Саудиска Арабија покажале интерес за одличниот напаѓач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
