„Денот д“ за Е. Пелистер: Македонскиот шампион денеска дознава дали ќе биде дел од ЛШ

Македонскиот ракометен шампион Е. Пелистер денеска ќе дознае дали следната сезона ќе биде повторно дел од Лигата на шампионите.

По два настапи во низа изминатите две години, битолчани и сезонава испратија барање за вајлд-кард до европската ракометна федерација.

Покрај нашиот шампион уште осум екипи аплицираа (ГОГ, Нант, Кјелце, Пик Сегед, Колстад, Слован, Порто и Кадетен), а само шест места се во игра.

Ако Е. Пелистер доби специјална покана, Вардар ќе игра директно во групната фаза од Лигата на Европа, додека Алкалоид ќе биде дел од квалификациите од ова натпреварување.

Се вчитува...