Деновите на Тухел во ПСЖ се одбројани, познато името на неговиот наследник

Европскиот вицешампион вчера загуби на домашен терен од Манчестер Јунајтед со 1-2 во првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите. Овој пораз би можел многу да го чини тренерот на „светците“ Томас Тухел кој е на излезна врата од клубот.

Покрај лошиот старт на сезоната, Тухел е во лош однос и со спортскиот директор на тимот, Леонардо, па поради тоа Бразилецот веќе почнал да ги убедува богатите сопственици да дојде до смена на тренерската позиција.

Француските медиуми пренесуваат дека Тухел е само денови оддалечен од смена, а веќе познато е името и на тренерот кој ќе го замени. Се работи за италијанскиот стратег, Масимилијано Алегри кој по авантурата во Јувентус во моментов е без клуб.

Се вчитува...