Денвер држи чекор со Голден Стејт, драмата во Оклахома за Лејкерс (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс се вратија во победнички ритам, врзаа два последовни триумфа откако ноќеска во дербито со ривалот од Западната конференција, Оклахома, славеа на гостински терен по продлженија со 138-128. Регуларниот дел од мечот заврши со по 122 поени за двете екипи, а благодарение на трите слободни фрлања што во финишот ги погоди Раслев Вестбрук. Лејкерс доминираа во дополнителните пет миути со 16-6 и остварија нов триумф во отсуство на првата ѕврзда, Леброн Џејмс кој се опоравува од повредата на препоните.

Најефикасен кај Лејкерс беше Кајл Кузма со 32 поени, хрватскиот центар Ивица Зубац постигна 26 поени, Лонзо Бол заврши со 18. Кај Оклахома Пол Џорџ имаше 27 поени, Расел Ветстбрук еден помалку.

Лејкерс и натаму се борат со Јута за осмата позиција во Западната конференција, двете екипи имаат буквално идентичен биланс од 25/21. Оклахома го забележа 18-от пораз, има и 26 победи и и натаму е третопласирана на Запад.

Денвер не дозволува Голден Стејт да се одлепи на врвот на Западната конференција. Тимот на Никола Јокиќ оствари нова убедлива победа, над Чикго од 135-105 и дојде до ефект од 30/14, што е само една победа помалку од актуелниот првак. Џамал Мареј беше прв стрелец во триумфот на Денвер со 25 поени, Јокиќ постигна 18.

Втортопласираниот тим на Исток, Торното се помачи со најслабата екипа во лигата, Феникс. Оствари тесна победа од 111-109, но за кандаскиот состав е важно дека им се врати на триумфите по поразотт од големиот источен ривал, Бостон во претходниот натпревар. Торнто има 34 победи, две повеке од водечкиот Милвоки, но има и пораз повеќе и затоа е на втората позиција. Серж Ибака со 22 поени беше прв стрелец во победата.

Третиот најдобар тим во Источната конференција, Индијана загуби на домашен терен од Филаделфија со високи 120-96, а Шарлот триумфираше пред домашните навивачи над Сакраменто со 114-95.

 

Се вчитува...