Денвер го брка првото место на Голден Стејт (ВИДЕО)

Денвер му се приближи на НБА шампионот на само една победа во битката за врвот на Западната конференција откако славеше на гостувањето кај Вашингтон со 113-108. „Нагетс“ сега имаат биланс 48/22 од 70 нтпревари, а Голден Стејт кој исто така забележа победа со 112-89 над Индјана е на 49/22 од 71 натпревар. Двете екипи имаат обезбедено плеј-оф, првото место носи поповолна стартна позиција и полесен противник во првото коло.

Во триумфот на Денвер Никола Јокиќ имаше дабл-дабл учинок од 15 поени и 11 асистенци. Тој беше меѓу петте кошаркари на Денвер кои средбата ја завршија со идентични 15 поени. Ист ефект имаа и Мислап, Мареј, Херис и Тори Крег.

Демаркус Казинс со 19 поени беше најефиксен во тирумфот на Голден Стејт, Томпсон постигна 18, а Дурент и Кари по 15.

Далас загуби на гостувањето кај Сакраменто со 116-100. Лука Дончич беше најдобриот поединец во тимот од Тексас со 13 поени и 10 скока. Бади Хилд со 29 поени го предводеше Сакраменто кој и натаму се надева за позиција во плеј-офот, но има уште само 10 натпревари да ги достигне Лос Анџелес Клиперс кои ја држат осмата позиција на Запад со дури седум победи повеќе.

Јута ја прекина победничката серија на местото каде што најмалку очекуваше, во Атланта. Загуби со 117-114 и сега има биланс од 42/30 и инатаму ќе чека потврда на палсманот во разигрувањето.

 

Се вчитува...