Денвер и Торонто на чекор на полуфинале (ВИДЕО)

Никола Јокиќ и Џамал Мареј повторно беа лидери на Денвер кој ја оствари и третата победа во полуфиналната серија на Запад со Портланд и дојде на еден триумф до пласман во финалето на конференцијата.

На домашен паркет, Денвер славеше со 124-98 и ќе има можност по два дена на паркетот на Портланд да ја затвори серијата. „Трејлблејзерс“ тогаш ќе мораат на победат за да издејстуваат мајсторка.

Јокиќ имаше дабл-дабл ефект од 25 поени и 19 скока, додка Мареј натпреварот го заврши со поен помалку. Кај Портланд, Демијан Лилард беше прв стреелец со 22 поени.

И Торонто е на само една победа до пласман во финалето на Источната конференција откако во натпреварот број пет од полуфиналето против Филаделфија славеше убедливо со 125-89. Шестиот меч е во Филаделфија и може да биде последен ако „севентисиксерс“ не успеат пред домашната публика да додјдат до третата победа и да ја одведат серијата во мајсторка.

Паскал Сиакам го предодеше Торонто со 25 поени, Каваи Ленард постигна 21, а имаше и 13 скока. Џими Батлер беше прв на листата стрелци кај Филаделфија, Тобајас Херис додаде 15, а Џоел Ембид 13 поени.

 

Се вчитува...