„Денвер ќе зажали зошто не беше активен на трансфер маркетот“

Денвер Нагетс предводен од неверојатниот Никола Јокиќ на доминантен начин стигна до титула во НБА лигата, но ќе има тешка задача да ја одбрани со оглед на заминувањата од тимот смета поранешниот Ол-стар кошаркар Гилберт Аренас.

Денвер изминатото лето остана без Брус Браун, Џеф Грин, Томас Брајант и Иш Смит, кошкари кои имаа големо значење за тимот, а како звучно засилување стигна само Џастин Холидеј, трансфери кои според Американецот нема да донесат добри денови за тимот од „Бол Арена“.

„Денвер ништо не одработи во текот на преодниот рок, а требаа. Мислам дека ќе зажалат поради тоа. Мразам кога шампионски тимови мислат дека се доволно добри да освојат две титули по ред. Тоа го правеше Чикаго, но секогаш мора да додадете по нешто. Треба да напреднете бидејќи претходно никој не ги сметаше за шампионски тим, а сега сите ќе гледаат во нив бидејќи ја освоија титулата“, вели Аренас.

Се вчитува...