Кошаркарите на ЛА Лејкерс поразени се во првата рунда на плеј-офот од НБА Лигата од Денвер со 4-1. Тимот од „Градот на ангелите“ му подготвува отказ на тренерот Дарвин Хем.
Како што тврдат медиумите во САД, за Хем веќе е подготвен отказот, и можно е да го добие до крајот на оваа недела.
Хем не се снајде на клупата на Лејкерс, доби многу критики како од фановите така и од управата на клубот поради тоа е на „тенок мраз“, а серијата против Денвер покажа дека тој не е дораснат за оваа задача.
Лејкерси наводно веќе размислуваат за нов тренер во името на Џеј Џеј Редик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА