Денвер: Победивме… Во екипата повеќе нема коронавирус

Од екипата на Денвер официјално соопштено дека во клубот „комплетно е победен коронавирусот“.

НБА тимот информираше дека сите заразени од Ковид-19 се излечени по 14 дена терапии, и во екипата нема повеќе позитивни на коронавирусот. Претходно, како што е познато, Денвер соопшти дека има позитивни лица во својот клуб, притоа не соопштувајќи имиња.

Тимот беше во карантин до 27. март, а по тестовите на сите кошаркари и вработени во клубот изминативе денови утврдено е дека никој повеќе не е позитивен на Ковид-19.

Се вчитува...