Денвер преку Сан Антонио до Портланд, Торонто триумфално тргна во источното полуфинале (ВИДЕО)

Денвер конечно ја прекина деценијата чекање за пласман во конференциско полуфинале. Со победата од 90-86 во мајсторката од прво коло  во НБА плеј-офот против Сан Антонио, ја добива првата рунда со 4-3 и оди на битка за финале на Западната конференција со Портланд.

Иако Денвер постојано беше во водство и тоа со двоцифрена предност дозволи да влезе во неизвесен финиш, Сан Антонио ја стопи предност и последните четри минути беа крајно драматични. Џамал Мареј је презеде одговорноста во тој период и го постигна и победничкиот кош.

Никола Јокиќ забележа трипл-дабл учинок од 21 поен, 15 скока и 10 асистенции и заедно со Мареј кој постигна 23 поени беа лидери во успехот на Денвер. Кај Сан Антоио, по 19 поени постигнаа Демар Дерозен и Бен Форбс, а Ламаркус Олдриџ имаше дабл-дабл ефект од 16 поени и 11 скока.

Првпат по сезоната 1984/85 Денвер успеа да го елиминира Сан Антонио во НБА резигрувањето. Серијата против Портланд, „нагетс“ ќе ја почнат во вторник, првите два дуела ги играат во Денвер  бидејќи ја имаат предноста на домашниот терен во полуфиналната серија.

На Исток почнаа полуфиналните серии и тоа без голема драма. Торонто беше убедлив во првиот натпревар од полуфиналето против Филаделфија. Славеше со 108-95 на свој парекет и поведе со 1-0. И следниот дуел, ноќта меѓу понеделник и вторник  е на теренот на канадскиот тим.

Каваи Ленард беше брилијантен во триумфот на Торонто, постигна 45 поени, имаше и 11 асистенции. Паскал Сијакам постигна 29 поени и тие беа двајцата со двоцифрен ефект кај Торонто. Кај Филаделфија никој не успеа да постигне над 20 поени, прв стрелец беше Џеј Џеј Редик со 17, Џоел Ембид уфрли 16 поени.

Се вчитува...