Се почестите најави дека Никола Јокиќ е незадоволен и сериозно размислува за заминување од Денвер ја натераа управата на клубот конечно да се разбуди и да доведе врвно засилување за играчкиот ростер.
Ветеранот Демар Дерозан е нов член на Денвер, преговорите траеја долго, за утрово конечно да биде официјално – 37-годишниот кошаркар ќе му биде соиграч на Јокиќ во клубот од Колорадо.
Тој потпиша договор на една сезона, ќе го носи дресот со број 10, а со себе носи квалитет, како и искуство од 16 години успешни настапи во најсилната лига на светот.
Дерозан во кариерата има одиграно 1264 мечеви во НБА-лигата со импресивен просек од 21,1 поени, 4,3 скокови и 4,1 асистенции по натпревар.
Тој има шест настапи на олстар мечевите, а со селекцијата на САД освои златни медали на ОИ во Рио де Жанеиро во 2016 и на СП 2014 во Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
