Денвер вечерва ќе ја игра мајсторката за влез во западното финале, а управата на клубот веќе крои планови за наредната сезона. А поамбициозни плановите дефинитивно не можат да бидат, откако американските медиуми објавија дека Денвер сака во своите редови да го доведе Леброн Џејмс.
„Кралот“ Џејмс воопшто не ги оправда очекувањата во дресот на ЛА Лејкерс, а по заминувањето на Меџик Џонсон од претседателската позиција, новата управа не го доведе за тренер Тајрон Лу, кој беше препорачан токму од Леброн. Тој станува се понесреќен во таборот на „езерџиите“, соиграчите не се воодушевени од него, а сега ниту челниците на клубот не го сметаат за „недопирлив“.
Напротив, дел од медиумите тврдат дека ЛА Лејкерс е подготвен да се откаже од големиот ас доколку добие адекватна понуда. Денвер подготвува мегапонуда во која ќе бидат подготвени најмалку двајца членови на стартната петорка, но не и Јокиќ, кој дефинитивно ќе остане во тимот и во периодот што следи.
Останува да се види дали овие најави ќе се реализираат или се ќе остане само сон на челниците на Денвер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА