Депај даде гол за Лион, па му го посвети на Ван Дајк (видео)

Мемфис Депај го отвори резултатот на француското дерби меѓу Лион и Монако, во кое холандскиот голгетер одлично круниса еден контранапад на домашниот тим и во манир на голем стрелец ја смести топката во мрежата.

Депај потоа го соблече дресот, покажувајќи ја маицата со која голот му го посвети на репрезентативниот колега Вирџил ван Дајк, кој минатиот викенд заработи тешка повреда на коленото.

„Вирџил, остани силен, брате мој“, гласи пораката од асот на Лион до репрезентативниот колега.

Депај знае колку е тежок овој период за дефанзивецот на Ливерпул, со оглед на фактот дека и самиот Мемфис пред помалку од една година заработи тешка повреда на коленото поради која долго време беше надвор од фудбалските терени.

Се вчитува...