Депај дебитираше со гол за Барселона…, веднаш ги воодушеви Каталонците (ВИДЕО)

Мемфис Депај дебитираше со гол во дресот на Барселона на пријателскиот натпревар против Џенова на кој Каталонците триумфираа со 3-1.

Барса одлично го почна мечот стигнувајќи до предност во 21. минута со голот на Жерард Пике од пенал. Само три минути подоцна беше 2-0 со голот на албанскиот напаѓач Реј Менај.

Мемфис Депај во игра влезе пред крајот на првото полувреме на местото на Менај кој се повреди.

И уште низ првите минути во каталонскиот дрес Депај покажа дека ќе биде големо засилување за Барселона во новата сезона, воодушевувајќи ги навивачите со своите потези.


Во 86. минута беше и стрелец на третиот гол за Барселона од пенал.

Се вчитува...