Депај и Агуеро ќе бидат „мелем“ на рана за фановите на Барса – Лапрота вети дека двајцата нема да бидат проблем за клубот

Колку и да изгледа неверојатно, сепак, Лионел Меси заминува од Барселона, ова вчера клубот го потврди, а денес Лапорта ја објасни ситуацијата пред светската спортска јавност. Едноставно кажано, Барселона немаше пари да го задржи Меси.

Клубот и Лео имале договор, меѓутоа во последен момент Ла Лига не дозволила Барса да го плаќа Меси две години, а за останатите три од петгодишниот дополнително да се договорат.

Во јавноста се појавија најави дека навивачите ги чека нов шок затоа што клубот не може да ги регистрира Депај и Агуеро, но Лапорта потврди дека тоа во овој момент овие фудбалери не е проблем.

„Сега кога го нема договорот на Меси во буџетот на плати, Депај и Агуеро не се проблем“, одговори првиот човек на Барселона на новинарското прашање.

Се вчитува...