Депај потврди: Одлучив да останам во Барселона

Мемфис Депај и оваа сезона ќе биде дел од Барселона откако не успеа да реализира трансфер надвор од „Камп Ноу“. Холанѓанецот ова лето беше поврзуван со неколку европски гиганти, а и каталонците беа расположени за негово заминување со тоа што ќе го раскинеа договорот, но напаѓачот не успеа да ги договори личните услови.

Најблиску до негов потпис беше Јувентус, но „страта дама“ во последен миг се откажа од негов ангажман. Тој сега потврди дека останува во Барселона на која ќе и помогне да стигне со голем успех.

„Одлучив да останам во Барселона. Целосно сум посветен на придонес за успех на клубот“, напиша голгетерот на социјалните мрежи.

Депај кој пристигна на „Камп Ноу“ во ерата на Роналд Куман оваа сезона сеуште чека на првите минути во официјален натпревар на каталонците. Тој ги преседе на клупа дуелите против Рајо Валекано, Реал Сосиедад и Валадолид, а доби само 34. минути во пријателскиот меч против Манчестер Сити.

Се вчитува...