Дерби избира нов тренер меѓу две англиски легенди

Дерби Каунти се „бетонира“ на дното на табелата во оваа сезона, по 14 одиграни кола, популарниот „Овен“ го зазема последното место на табелата во Чемпионшип. Сепак, претстојат подобри денови за клубот од Прајк Парк, бидејќи член на кралското семејство од Абу Даби треба да ја преземе сопственоста на клубот.

Шеикот Калид бин Зајед ал Нахијан, наводно, е во завршна фаза на преговори за купување на Дерби од сегашниот сопственик Мел Морис. Руни моментално ја игра улогата на тренер како привремено решение, но поранешниот ас на Манчестер Јунајтед сега се наоѓа во тешка конкуренција, зошто Џон Тери е еден од главните кандидати да седне на клупата на „Овен“.

Поранешниот капитен на Челси во моментов е асистент на Дин Смит во Астон Вила, тој е на таа позиција веќе трета сезона по ред и се чини дека е многу важен член на стручниот штаб на Вила Парк. Сепак, Џон е подготвен за нов предизвик, сака сам да го води тимот, а наводно му се допаѓа можноста што ја нуди Дерби, особено поради фактот што клубот наскоро ќе го преземе член на кралското семејство од Абу Даби.

Се вчитува...