Дербито меѓу Работнички и Вардар без голови на полувремето, Македонија ЃП води со Беласица (ВИДЕО)

Работнички и Вардар играат без голови по првото полувреме на националната арена „Тодор Проевски“ во 4. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Главно во израмнет натпревар, повеќе од шансите имаше за Вардар кој преку три одлични можности на Попзлатанов, Најденов и Цветановски не успеа да дојде до водство.

Македонија ЃП води на полувремето со 2-1 против Беласица. Водството за „лавовите“ го донесе капитенот Боби Божиновски со голот во 37. минута.

Академија Пандев и Струга Трим Лум, исто така, играат без голови по првите 45 минути на натпреварот во Струмица.

Се вчитува...