Дербито на истокот за Милвоки, Јокиќ го предводеше Денвер до победа над Голден Стејт (ВИДЕО)

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа пет натпревари. Во трилер натпревар Денвер Нагетс славеше над Голден Стејт Вориорс нагости со 131-134. Денвер во текот на целиот меч имаше двоцифрена негатива, која успеа да ја анулира во последниот период и да стигне до конечен триумф. Никола Јокиќ беше прво име во победничкиот табор со учинок од 23 поени, 12 скока и 8 асистенции, додека Вил Бартон мечот го заврши со 31 поен. Кај поразените се истакна Алек Буркс со 25 поени.

Во дербито на истокот Милвоки Бакс беше подобар од Бостон со 128-123. Јанис Адетокумбо со 32 поени и 17 скока беше главниот виновник за новиот пораз на Селтикс. На Бостон недоволни им беа и 40 поени на Кемба Вокер.

Во останатите мечеви од понудата, ЛА Клиперс со 122-95 беа подобри од Орландо Меџик, Њујорк Никс загуби на домашен терен од Феникс Санс со 98-121, а Јута Џез ја прекина серијата од 10 порази со гостински пораз кај Њу Орлеанс Пеликанс од 138-132 по продолженија.

Се вчитува...