Дербито на колото во Струмица: „Пандевци“ и Ренова во директна битка за врвот

Академија Пандев и Ренова, заедно со Шкупи, се трите екипи со седум бода на врвот од табелата по првите три кола од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.

Во вечерен термин, од 20 часот во Струмица, Академија Пандев и Ренова во дербито на 4. коло во директна пресметка за врвот.

„Пандевци“ уште пред стартот на сезоната отворени ги истакнаа амбициите за европски излез, по што и очекуван е атакот од самиот почеток на водечките позиции на табелата. Но, „гипсарите“ и тоа како се пријатно изненадување со двете победи и ремито во почетните рунди натпревари.

Од таборот на Ренова не кријат дека и во Струмица денеска одат на позитивен резултат, желни за продолжување на позитивната серија.

„Одиме од натпревар на натпревар. Секој меч сезонава го доживуваме како нов предизвик. Знаеме дека не чека тежок дуел во Струмица, но подготвени сме како и на претходните натпревари да го дадеме максимумот“ – вели најдобриот фудбалер на Ренова, Ремзифаик Селмани.

ПМФЛ – 4. КОЛО (денеска, 16 ч.)

Струга: СТРУГА ТЛ – ШКУПИ

Велес: БОРЕЦ – БРЕГАЛНИЦА

Скопје: СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ

Тетово: ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП

Струмица: АК. ПАНДЕВ – РЕНОВА (20 ч.)

Се вчитува...