ДЕРБИТО ПОЧНА СО ПРЕКИНИ: Неочекувано туширање за фудбалерите, националистичко скандирање од трибините (ВИДЕО)

Со бројни прекини почна дерби пресметката од 20. коло меѓу Вардар и Шкендија. Најпрво уште во 1. минута неочекувано се активираа прскалките за тревникот на „Телеком арена“ па три минути фудбалерите добија неочекувано туширање…

Во 10. минута и судијата Александар Ставрев го прекина мечот поради националистиско скандирање од страна на „Комитите“… По едноминутен прекин, откако запра скандирањето од Западната трибина, натпреварот продолжи.

Се вчитува...