Дербито прекинато поради „Перо Кантиќ“

МЗТ Скопје има голема предност во вечното дерби против Работнички во кошаркарската лига на Македонија. Откако денеска, КФСМ жестоко ги казни МЗТ Скопје и директорот на „металците“ Тони Грнчаров, од верната навивачка група на тимот од Аеродром „Фемили“ кои прво почнаа да извикуваат „КФМ лопови“, а потоа истакнаа и парола на која пишуваше „Перо кантиќ“.

Сето ова се случи на средината на последната четвртина, по што записничката маса и судиите го прекинаа мечот. Прекинот траеше само една минута и откако транспарентот беше тргнат од трибините натпреварот продолжи.

 

Се вчитува...