Дербито Шкендија – Струга под рефлектори во Скопје

Дербито на четвртото коло во ПМФЛ меѓу Шкендија Тетово и Струга ТЛ ќе се одигра во Скопје, објавија тетовци преку клупско соопштение.

Шкендија го имаше пријавено Гостивар како град организатор за своите домашни натпревари, но тетовци првите две средби (против Скопје и Брегалница) ги одиграа на стадионот на ФФМ во Скопје.

„Со оглед на добрата состојба на теренот, како и можноста овој натпревар со Струга да се игра во вечерен теремин под рефлектори, донесовме одлука да останеме на комплексот на ФФМ и за ова коло за мечот што ќе се игра в понеделник со почеток во 19 часот“, информираа од раководството на Шкендија.

Добра вест за тетовци е што е одлежана и казната од ланската сезона за играње на празни трибини, па на дербито со Струга ТЛ избраниците на Положани ќе ја имаат и поддршката од своите верни навивачи.

Се вчитува...