Дербито во фокусот: Вардар седум меча не знае за триумф против Шкендија

Шкендија доаѓа во Скопје со 12 бода предност и со самодоверба дека на последните седум дербија не знае за пораз против Вардар. Можеби и трката за шампионската титула е веќе разрешена, но тоа не значи дека и на двете екипи ќе им недостига мотив во денешната дерби пресметка (16 часот) на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Вардарци го сакаат скалпот на шампионот, а Шкендија сака да потврди дека во моментот е најдобриот фудбалски состав во Македонија.

Вардар не знае за триумф веќе седум натпревари против тимот од Тетово. Загуби трипати на последните четири меча, а последниот триумф го памети од 14 октомври 2017 година.

Шкендија ќе биде без Костадин Захов на голот, неизвесен е и репрезентативниот стопер Егзон Бејтулаи, а капитенот Арменд Адеми се опорави од повредата и треба да биде во составот на Ќатип Османи.

Вардарци посакуваат триумф по речиси една и пол година, за да го задржат второто место на табелата, да ја спуштат бодовната негатива на едноцифрена разлика и да покажат дека шампионот е ранлив.

МЕЃУСЕБНИ НАТПРЕВАРИ

17.02.2019  ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 1-0

21.10.2018  ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 0-2

11.08.2018  ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 2-2

18.04.2018  ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 2-3

07.03.2018  ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 4-0

21.02.2018  ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 1-1

14.02.2018  ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 1-1

14.10.2017  ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 4-2

Се вчитува...