Дербито во Струмица: „Пандевци“ против „лавовите“ за враќање на победите!

Дербито од 6. коло во Првата македонска фудбалска лига денеска во Струмица каде на теренот на спортскиот комплекс „Пандев“, Академија Пандев ја пречекува Македонија ЃП.

„Пандевци“ по трилер-поразот во Штип во претходното коло, сега по паузата поради репрезентативните настапи повторно во Првата лига желни за враќање на победите. „Лавовите“ се повеќе од сериозен предизвик за составот на Александар Васоски, посебно и со најновите засилувања на тимот изминатиов период.

„Продолжуваме повторно во желбата за нови позитивни резултати. Македонија ЃП е квалитетен противник поради што не очекува тежок натпревар, но подготвени сме за вистинско надигрување и остварување на целите“ – порачуваат од таборот на Академија Пандев.

Работнички, пак, на арената „Тодор Проески“ во Скопје ја пречекува Брегалница. Новиот прволигаш е непоразен во првите пет кола и со оглед на тоа, шефот на стручниот штаб Александар Влахо има голем респект кон штипскиот тим.

„Драго ми е што Штип и Брегалница се повторно на прволигашката карта, тоа секако е добро за македонскиот фудбал во целина. Во првите пет кола Брегалница покажа дека е тим што заслужува респект, има прволигашки квалитет и се бори до самиот крај за секоја топка и секој бод. Тие се сериозен ривал на кого му приоѓаме максимално фокусирани. Имавме две седмици за да работиме напорно и да отстраниме дел од грешките што се појавија во првите пет кола и подготвени сме за продолжение на шампионатот. За нас секој ден, секој тренинг и секој натпревар е добредојден, со оглед дека се уште се воигруваме. Се надевам дека тимот ќе одигра квалитетно утре и дека ќе оствариме позитивен резултат“ – вели шефот на стручниот штаб, Александар Влахо.

ПМФЛ – 6. КОЛО (денеска, 16 ч.)

Струга: СТРУГА ТЛ – СКОПЈЕ

Скопје: РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА

Велес: БОРЕЦ – ПЕЛИСТЕР

Струмица: АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Кавадарци: ТИКВЕШ – РЕНОВА

ВТОРНИК (14. септември, 15 ч.)

Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ

Се вчитува...