Дербито во Тетово ќе доцни 20 минути

Почетокот на големото дерби меѓу Шкендија и Вардар ќе доцни 20 минути, се со цел да бидат обезбедени нормални услови за игра на пресметката меѓу големите ривали на стартот од вториот дел од сезоната.

Обилниот снег што паѓаше во текот на вчерашниот ден им создаде огромни проблеми на домаќините, кои сега интензивно работат на негово отстранување од теренот. Во последните часови беше завршен голем дел од работата, но за целосно чистење на снегот од теренот неопходно е уште малку време, па официјалните лица и претставниците на клубовите постигнаа согласност мечот наместо во 14 часот, да почне во 14.20 часот.

Се вчитува...