Дербито за Филаделфија, Дончиќ не запира, нов трипл-дабл на Јокиќ

Богатата НБА програма донесе низа возбудливи натпревари, а најинтересно беше во дербито на Источната конференција во Детроит, каде домашниот тим по голема борба загуби од Филаделфија со 106-112. Детроит го нанесе првиот пораз на Филаделфија минатата седмица, но гостите овојпат ги израмнија сметките успевајќи да стигнат до посакуваната одмазда. Браун ги предводеше стрелците со 30 поени, Ембид имаше дабл-дабл од 26 поени и 15 скокови, додека кај Детроит најефикасен беше Робинсон со 27 поени.

Фантастичната серија на Лука Дончиќ продолжи и на гостувањео во Сакраменто каде ЛА Лејкерс славеше со 103-116. Словенецот повторно делуваше незапирливо за ривалите, на крајот завршувајќи го мечот со 40 поени, 9 скокови и 7 асистенции.

Се разбуди и Никола Јокиќ, кој по серијата критики на негова адреса го предводеше Денвер до триумф над Торонто од 128-109, со трипл дабл од 32 поени, 10 скокови и 11 асистенции.

Мора да се истакне и извонредниот меч на Виктор Вембињама, кој во минималната победа на Сан Антонио над Далас успеа да реализира дури 52 поени надополнети со 24 скокови.

Резултати НБА:

Детроит – Филаделфија 106-112, Вашингтон – Атланта 105-120, Бостон – Милвоки 109-102, Бруклин – Шарлот 114-104, Њујорк – Чикаго 135-105, Мемфис – Индијана 103-107, Њу Орлеанс – Јута 120-113 (по прод.), Оклахома Сити – Кливленд 124-116, Хјуустон – Минесота 107-117, Денвер – Торонто 128-109, Феникс – Портланд 119-132, Сан Антонио – Далас 112-111, Сакраменто – ЛА Лејкерс 103-116, ЛА Клиперс – Мајамии 116-117 (по прод.).

Се вчитува...