Дервишевиќ: Како карактер сум победник, Феникс ќе оди на финале во Купот

Во драматичен натпревар кошаркарите на Феникс триумфираа против Гостивар со 70-72, обезбедувајќи место во полуфиналето од завршниот турнир во Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“.

Тренерот на победничката екипа, Денис Дервишевиќ, очекувано не го криеше задовлството нагласувајќи дека тимот е подготвен за историја ако се знае дека е единствениот тим кој нема играно во финалето на Купот.

„Влеговме поопуштено во мечот по оној претходен натпревар со Гостивар во првенството кој го добивме доминантно. Сега очигледно противникот беше мотивиран за одмазда. Сепак, успеавме да се вратиме и да го добиеме мечот. Игравме со двајца нови кошаркари па имаше пропусти но верувам дека на следниот натпревар ќе бидеме подобри. Јас како карактер секогаш одам на победа, без разлика кој ни е ривал, тука сме дојдени да играме финале“ – рече Дервишевиќ.

Се вчитува...