Дервишевиќ: Одигравме сериозно во второто полувреме… Не чувствуваме притисок за дуелот со МЗТ

Феникс 2010 имаше триумфално деби во Купот на Македонија кој од претходната сезона го носи називот Благоја Георгиевски – Буштур. Младиот состав во четвртфиналето славеше против Работнички со 49-74 благодарние на подобра игра на двата дела од теренот во второто полувреме во кое дозволи само 21 поен на противникот.

По натпреварот тренерот Денис Дервишевиќ вели дека причина за егалот во првите 20. минута било опуштањето, а и дека тимот не чувствува притисок пред следниот предизвик – бранителот на трофејот МЗТ Скопје.

„Играчите влегоа малку опуштено во натпреварот, поради тоа имавме мали проблеми во првото полувреме. Во второто одиграа посериозно и како резултат на тоа дојде убедливата победа. Не сме размислувавме за дуелот со МЗТ Скопје. Но ние сме дебитанти во ова натпреварување и нè чувствувавме никаков притисок. Имаме млада екипа, па ќе видиме што ќе се случи“, изјави Дервишевиќ.

Се вчитува...