Десет минути за Манев во новиот триумф на Адана во турскиот шампионат (ВИДЕО)

Фудбалерите на Адана Демирспор продолжуваат со одличните партии сезонава во турскиот шампионат откако славеа на гостувањето кај Сиваспор со 1-2 во натпревар од 21. коло.

Гостите до водство од 0-1 стигнаа со погодокот на Акбаба во 41. минута. На 0-2 зголеми Акинтола во 56. минута, додека домаќините до крајот успеаја да го ублажат само поразот со погодокот на Кофи во 62. минута.

Македонскиот интернационалец Јован Манев во игра влезе во 80. минута и ги одигра последните десет минути.

 

Sivasspor 0-2 Adana Demirspor – Babajide Akintola 56′ from soccer

 

 

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...