Дешамп е оптимист: Жиру ќе биде „фит“ за стартот на СП

Француските фудбалери во текот на вчерашниот ден отпатуваа за Русија, а во експедицијата се најде и Оливие Жиру. Голгетерот на Челси заработи незгодна повреда на главата на последниот пријателски меч со САД, но селекторот Дешамп е убеден дека Жиру експресно ќе ги надмине овие проблеми и ќе му се стави на располагање веќе за премиерниот меч од СП 2018 против Австралија.

„Оливие Жиру има на главата рана од шест сантиметри. Не изгледа убаво, но тој ќе биде „фит“ за стартот на СП“ – порача Дешамп.

Останува да се види дали францускиот селектор ќе му даде шанса на Жиру од првата минута, или ќе се реши за Мбапе и Гризман како тандем во нападот на „триколорите“ во првиот меч од мундијалот во Русија.

Се вчитува...