Деспотовски: Да бидеме најдобри што можеме, а Турција да има лош ден

ЕКИПА во Љубљана,

Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски

Со пораз од Финска, со многу пристојно издание, но со вообичаената непостојаност во играта и стандардните гршки во сегментите во кои и секогаш најмногу грешат. Вака македонските одбојкарски репрезентативци го отворија дебитантскиот настап на Европското првенство во Љубљана.

Следен предизвик е Турција, селекцијата која секако ја сметавме за посилен ривал од Финците, а Турците дополнително ја подобрија сликата за нив со освоениот сет против големиот фаворит Русија во почетното коло.

„И пред да почне Европското првенство, најавувавме дека Турција е поквалитетна и од Финска па и многу подобра од нас. Според она што го видовме, Турците делуваат моќно. Ние треба да дадеме се од себе и да се надеваме на лош ден на Турците“ – вели Филип Деспотовски пред мечот со Турција.

Македонската репрезентација пртив Турција досега има одиграно два натпревара, во Европската лига во 2014 година. На двете средби победи и тоа сигурни забележа нашиот тим, еднаш од 3-0 и на вториот меч со 3-1.

„Ние мислевме дека сите ќе ги победиме, ама треба тоа на терен да се покаже. Ние мислиме дека Турција ќе ја победиме, ама така мислевме и за зфинска. Залудно играме добро кога паѓаме на ситници“– порачува Дарко Ангеловски.

Турција има беспрекорен биланс од настапот во Златната Европска лига каде што забележа девет победи и ја освои, потоа има четири последовни порази, три на Челенџер Куп и еден на пријателски дуел со Австрија која потоа и ја победи на вториот тест непосредно пред ова првенство.

Се вчитува...