Детали од предбрачниот договор: Георгина ја добива вилата во Мадрид и сума од …

Кристијано Роналдо ја круниса долгогодишната врска со Георгина Родригез со брак, но португалската мегаѕвезда претходно си го осигура богатството потпишувајќи предбрачен договор, чии детали вечерва за првпат ги обелодени мадридскиот весник „Марка“.

Документот бил потпишан во Лисабон два дена пред свадбата, а според него во случај на развод Роналдо би и исплаќал на Георгина по 100.000 евра месечно, сума што би и овозможила удобен живот без Кристијано, но и повеќе од доволно средства за покривање на секојдневните трошоци за нивните деца. Дополнителните трошоци околу школувањето на децата би ги покрил Роналдо.

Покрај тоа, неговата сопруга при разводот би ја добила и вилата во елитната мадридска населба Ла Финка. Вредноста на овој имот се проценува над шест милиони евра.

Богатството на Кристијано Роналдо се проценува на над една милијарда евра, така што е јасно дека Португалецот добро се заштитил во случај на развод.

Се вчитува...