Деталите и први фотографии од несреќата во која загина Коби Брајант (ФОТО)

Американските медиуми пренесувајќи ги првите информации за големата хеликоптерска несреќа во која загина НБА легендата, Коби Брајант информираат и околу деталите од трагедијата.

Брајант, заедно со уште четири лица, загинал во услови на магла кога неговиот приватен хеликоптер се срушил во ридот во близина на државниот парк Малибу во Калифорнија. Се работи за ридска област во близина на населена област. Веднаш по падот на хеликоптерот избувнал пожар кој пожарникарските единици кои брзо стигнале на местото го изгаснале, но немало можност за спасување на патниците во хеликоптерот.

НБА легендата, кој се пензионираше во 2016 година по 20 години минати со Лос Анџелес Лејкерс зад себе ги остави неговата сопруга Ванеса Брајант и нивните четири ќерки Натали, Иана, Бјанк и бебето Капри. Засега не е познато кои се останатите четири лица кои беа во хеликоптерот со него.

Се вчитува...