Детонит јуниор со седум нови имиња се подготвува за дебитантската второлигашка сезона

Новиот второлигаш Детонит јуниор од Радовиш максимално сериозно се подготвува за својата дебитантска сезона во Втората лига – Исток.

Под водство на страгот Ратко Јанушев, Детонит јуниор засега е со седум нови имиња во очекувања на стартот на второлигашкото натпреварување. Најголемо засилување досега за тимот е поранешниот стопер на Работнички и Беласица, Александар Василев, а нови имиња се и Славчо Јанев, Глигор Николов и Марјан Таранинов кои пристигнаа од градскиот ривал Плачковица, како и Драган Мисовски и Наум Блажевски од Василево – Струмица, и Александар Трајчевски кој пристигна од младинската школа на Вардар.

Тимот од Радовиш вчера одигра и пријателски натпревар со Саса во Македонска каменица на кој ремизираше, 1-1. Единствениот гол за Детонит го постигна Александар Василев.

Следен тест дуел на радовишани е против младинскиот тим на Академија Пандев на 18. јули, а потоа следи и пријателскиот натпревар со српскиот Трајал од Крушевац на 22. јули.

Се вчитува...