Деулофеу само што дојде во Барса, веднаш се повреди

Жерар Деулофеу се надеваше дека со напорна работа на тренинзите и добри игри на контролните средби ќе се наметне при камбекот во Барселона, но плановите набрзина му пропаднаа откако младинскиот репрезентативец на Шпанија заработи незгодна повреда. Тој по само неколку дена работа под водство на новиот тренер Валверде се пожали на повреда, поради која сега извесно време ќе биде надвор од терените.

Повредата на Жерар Деулофеу не е наивна, станува збор за кинење на мускулот, воедно истиот фудбалер има и истегнување на лигаментите во коленото. Поради тоа, Деулофеу нема да патува со остатокот од тимот на турнејата низ САД“ – се вели во соопштението на Барселона.

Тренерот Валверде на оваа турнеја ќе ги носи Меси, Суарез и Нејмар како главни ѕвезди, но ќе отсуствуваат Андре Гомеш и Тер Штеген, кои настапуваа за своите национални селекции на Купот на Конфедерации.

Се вчитува...