Деулофеу се врати назад во Премиер-лигата

Жерар Деулофеу мина само шест месеци по своето враќање назад во Барселона, па талентираниот крилен офанзивец својата кариера повторно ќе ја продолжи во Премиер-лигата. Ватфорд е клубот чии бои Деулофеу ќе ги брани до крајот на оваа сезона, откако лондонскиот клуб ги договори условите со Барселона за шестмесечна позајмица.

Англискиот премиерлигаш се согласи да плати еден милион евра за позајмицата, плус да ја покрие целосно платата на фудбалерот, а Барселона инсистираше во договорот да нема клаузула за откуп, со што се отвора вратата Деулофеу во текот на летото да се врати назад на „Камп ноу“, а потоа Барса целосно да го продаде на некој друг клуб.

Само за потсетување, Шпанецот претходно беше дел од елитното англиско фудбалско друштво носејќи го дресот на Евертон. Тој имаше одлични настапи при позајмицата во Милан, по што Барса ја искористи клаузулата за да го врати назад за сума од 12 милиони евра. Валверде на стартот од сезонава му даваше шанса на овој фудбалер, но откако тој не ги исполни очекувањата на тренерот стана јасно дека во јануарскиот преоден рок ќе си замине од „Камп ноу“.

Се вчитува...