Девојката на Марадона сака да биде како него: Ама неуспешно!

Девојката на легендарниот Диего Марадона, Оливија Рочио оваа недела го имаше своето фудбалско деби, но според зборовите на присутните, воопшто не импресионирала.

Оливија игра во женското фудбалско првенство во Аргентина, а како и својот партнер, и таа одлучила да го носи дресот со број десет на грбот. Но, на нејзина несреќа, нејзините фудбалски вештини воопшто не се на нивото на славниот Марадона. Доби и жестоки критики од медиумите, но тоа не ја демотивира…

„Ова е прв натпревар, многу нешта се пред мене. Имам простор за напредок, и не се откажувам од фудбалот“ – вели Рочио, кој инсистира „да го живее својот сон“, без разлика што мислат другите.

Се вчитува...