Девон Вашингтон – нов Американец во Работнички

Девон Вашингтон е ново име во Работнички откако овој американски кошаркар денеска го стави потписот на договорот со „центарци“. Станува збор за 31-годишен кошаркар висок 203 сантиметри, кој најдобро се снаоѓа на позицијата крилен центар и би требало да донесе позначајно присуство во рекетот на Работнички, како на домашната сцена така и на натпреварите од АБА2-лигата.

Овој кошаркар поголем дел од професионалната кариера ја минал во Јапонија, а лани бил дел од шампионатот на Унгарија, каде го носел дресот на Фалко. Една година има минато и во Бугарија како член на Балкан Ботевград.

„Центарци“ од претходно го договорија и останувањето на странците Питс и на Балзамовиќ, а се очекува во следните денови да се официјализира и потписот на Петар Николиќ од Еуро Никел.

Се вчитува...