Девона Бонер доаѓа во Европа – до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Елитзур

Македонската репрезентативка, Девона Бонер се враќа во Европа, каде до крајот на сезоната ќе го носи дресот на израелскиот клуб Елитзур од Рамла. 33-годишната Бонер доаѓа во овој клуб како големо засилувања за настапите во Еврокупот кои започнуваат од 19. јануари.

Во својот последен настап на европско тло, носејќи го дресот на Динамо Курск, Бонер бележеше 14.4 поени, 6.6 скока и 1.4 украдени топки во натпревар во руското првенство и 16.0, 6.5 скока и 2.1 украдени топки во Евролигата.

Се вчитува...