Џајиќ: Само да не ја извлечеме Албанија

Српската фудбалска репрезентација се пласираше на ЕВРО 2024 во Германија и сега со нетрпение ја очекува ждрепката која ќе се одржи на 2. декември во Хамбург.

Тоа ќе биде првпат по 24 години името на нашиот северен сосед да се најде меѓу топките на ждрепката.

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Драган Џајиќ не сакаше да открие кого сака за ривал, но знаеше кој не би сакал.

„Нема лесни противници. Не дај Боже, да ја извлечеме Албанија… Тие можат да ни направат одреден проблем. Треба да ги цениме нашите успеси и нашите играчи, но да не ги преценуваме. Мора да бидеме реални за да направиме нов чекор напред“, истакна Џајиќ.

Се вчитува...